Откако Елон Маск неодамна се пресели во Тексас, сега сите тројца најбогати луѓе во светот живеат во американски држави кои не собираат данок на доход.
На почетокот на декември, Маск ја напушти Калифорнија за да замине за Тексас, каде се гради новата фабрика на Тесла.
Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, кој има нето вредност од над 183 милијарди долари, живее во државата Вашингтон.
Трет по индексот на милијардери во Блумберг е креаторот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој исто така има живеалиште во Вашингтон.
Тексас и Вашингтон се две од деветте сојузни држави во САД кои не собираат данок на доход. Останатите седум се Алјаска, Флорида, Невада, Њу Хемпшир, Јужна Дакота, Тенеси и Вајоминг.
Патем, оваа година беше „профитабилна“ за Маск. Неговото богатство расте со зголемувањето на акциите на Тесла. На 18 декември, акциите на компанијата пораснаа за 6%, со што се постави ново највисоко ниво од 695 $.