СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Нетфликс“ става крај на споделувањето лозинки

Некои корисници на „Нетфликс“ објавија дека на екранот им се појавила порака: „Ако не живеете со сопственикот на оваа сметка, потребна ви е своја сметка за да продолжите да гледате“. „Овој тест е дизајниран да осигури дека луѓето кои користат сметки на „Нетфликс“ се вистински овластени да го сторат тоа, пренесува Би-Би-Си.

За време на пробниот период, корисниците можат да го потврдат пристапот до сметката преку код испратен преку текст или е-пошта, а „Нетфликс“ допрва треба да одлучи дали конечно да воведе ваква мерка за да се спречат оние кои не ги почитуваат условите за набавка на услугата.

Не е јасно колку луѓе ја користат платформата против условите за купување, но „Нетфликс“ ќе се обиде да ги потисне. Стриминг платформите како што се „Нетфликс“, „ХБО“, „Го“, „Амазон Прајм“ им овозможуваат на корисниците да креираат повеќе профили на сметки, но условите за купување предвидуваат дека тие можат да ги користат само луѓе во исто домаќинство.

Ко-основачот и извршен директор на Нетфликс, Рид Хастингс во 2016-та рече: „Споделувањето на лозинка е нешто со што треба да научиме да живееме затоа што има и легитимно споделување на лозинка како со семејството, па затоа е тешко да се знае каде да се повлече линијата“.

Во октомври 2019 година, извршниот директор на производот Грег Питерс изјави дека компанијата размислува за прашањето за споделување лозинки, но во тоа време тие немале големи планови во однос на промената.

„Нетфликс“ доби скоро 37 милиони нови претплатници во 2020 година и сега има над 200 милиони претплатници ширум светот. Поради зголемувањето на цените, глобалниот „локдаун“ и емисии како „Tiger King“ и „The Queen’s Gambit“, Нетфликс објави приход од скоро 25 милијарди долари и профит од скоро 2,8 милијарди долари.

Поврзани вести

Македонија на трето место во регионов по стапка на проблематични кредити

msp-admin

Просечната нето плата во септември беше 27.405 денари

msp-admin

Американските компании додадоа најмногу работни места од септември (инфографик)

Влатко Зорба