СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

НУК ги достави до Владата унифицираните препораки за работа на угостителската индустрија

Независната угостителска комора (НУК) ги достави унифицираните препораки за работа на угостителската индустрија до Владата, министерствата и Комисијата за заразни болести.

Спред НУК чие мото е „Лично здравје пред се“, препораките за работа во услови на КОВИД, се согласно глобалните стандарди и може да се применат не само во земјава, туку и во рамки на целиот Балкански регион.

Комората очекува јавна дискусија и дебата на предложените препоракисо која ќе се иницираат единствени унифицирани протоколи за угостителството, не само во нашата држава, туку и во регионот.

-Унифицирањето на протоколите кои ќе важат еднакво за сите угостители во целиот регион со механизми на контрола од сите нас, ќе ни овозможи наредниот период да си ги дозволиме сите задоволства што животот ни ги пружа и понатаму, само доколку сме подготвени малку да се откажеме и да се прилагодиме на новото секојдневие, наведува Комората, информирајќи дека предлог-решенијата се изготвени во пресрет на регионалната конференција „НЕФОРМАЛЕН ПАРТНЕР | Угостителите во пресрет на вториот бран”.

На угостителите кои не работат, смета НУК, мора да им се подаде рака и да им се даде шанса со протоколи и препораки за работа, кои, ако сакаат да опстанат, ќе мора да ги почитуваат.

Комората очекува, не само членовите на Комисијата за заразни болести, туку и сите стручни и експерски лица да се приклучат со предлози и критики со цел унапредување на предложените препораки за протоколи за работа на угостителската индустрија.

-Целта е да добиеме применливи протоколи за работа кои ќе можат двете страни – вработените во угостителските објекти и гостите да ги почитуваат подеднакво без да се чувствуваат загрозени по своето здравје, ниту со своето присуство во угостителски објекти да допринесат во загрозувањето на туѓото и јавно здравје, стои во соопштението потпишано од претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.

Препораките на Комората може да се преземат од линкот: https://drive.google.com/file/d/1HrQRmzTxpFY4iTHbcUA1dsTbvTMDFbGM/view?usp=sharing.

Во земјава се регистрирани безмалку 6.500 угостителски објекти од кои скоро 100 работат како ноќни клубови, кабареа и дискотеки, а повеќе од 200 се специјализирани за прослави и веселби. Инвестицијата изминатите години во овие угостителски објекти е поголема од 50 милиони евра. Годишниот промет што овие угостители го прават во текот на годината изнесува речиси 100 милиони евра. Оваа година, оценува НУК, нивниот промет нема да биде ниту пет отсто, што ќе ги доведе до безизлезна ситуација во правата за работа за опстанок.

Поврзани вести

Платите на жените и нискоквалификуваните најмногу погодени од пандемијата

msp-admin

Пад на заработката на „Амазон“ за прв пат од 2017 година, Безос веќе не е најбогат човек во светот

msp-admin

Почна со работа новата платформа Кооперација

msp-admin