PSA Group и Fiat Chrysler Automobiles NV постигнаа договор за спојување со кое ќе се создаде четвртиот најголем производител на автомобили во светот, пренесува Блумберг.
Компаниите потпишаа договор за спојување 50-50 на своите бизниси, се вели во соопштението. Заедничкото вложување ќе го предводи извршниот директор на PSA, Карлос Таварес, а претседателот на Fiat, Џон Елкан ќе остане во истата улога во новата компанија.
Соединувањето ќе создаде производител, кој ќе се исправи против германскиот Volkswagen AG и ќе има пазарна капитализација од околу 46 милијарди долари, надминувајќи го Ford Motors Co. Компанијата ќе има 16 марки на автомобили, ќе генерира приходи од околу 180 милијарди евра на годишно ниво и ќе има скоро 410,000 вработени. Новата компанија сè уште нема име и договорот се очекува да биде завршен во наредните 12 до 15 месеци.
Комбинацијата ќе му даде на производителот на Peugeot PSA долгогодишно присуство на Северна Америка, а истовремено ќе му помогне на Fiat да развие технологии со ниска емисија. Не е сè совршено: дури и обединети, компаниите сè уште го немаат потребното присуство на најголемиот пазар во светот: Кина. И покрај тоа, тие не можат да се пофалат со добри премиум брендови, рече аналитичарот Џорџ Пајпер.
Но, како и менаџерите низ целата индустрија, Таварес и Елкан се под зголемен притисок да ги обединат ресурсите за да развијат нови производи во позадина на скапото преминување кон електрична мобилност и автономни технологии.
И двајцата производители веруваат дека ќе можат да заштедат 3,7 милијарди евра годишно од спојувањето, откако нема да затворат ниту една од 120 фабрики.