СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пристигнува летечкиот Cadillac (ВИДЕО)

General Motors (GM) не сака да се откаже од својот удел во развојот на летачки такси, а најголем адут е брендот Cadillac.

Досега веќе имавме можност да видиме бројни концепти и прототипови на летачки такси развиени од познати производители на патнички возила, но веруваме дека името Cadillac, луксузна марка на автомобили што е дел од GM, ќе одекне особено.

Гигантот го претстави концептот Cadillac eVTOL на CES, електрично летечко такси што доаѓа во форма на личен летечки дрон и во никој случај не личи на луксузните лимузини што Елвис Присли им ги подаруваше на своите пријатели, пишува SeeBiz.

Иако тоа е само концепт, GM јасно ја изразува својата желба да се вклучи во бизнисот на летачката такси услуга, која ќе не превезува во наредните години (децении) и целосно ќе го промени светот на транспортот каков што го познаваме денес.

Иако не откри премногу детали за „хардверот“ на превозното средство, GM вели дека новиот Cadillac ќе има четири двојни ротори кои ќе работат на батерија од 90 kWh и ќе можат да летаат со брзина од 90 км на час, а во моментов развиваат модел кој може да носи само еден патник, како што можете да видите на видеото подолу.

GM во последно време вложува многу напори во преминот кон производство на електрични возила, па се поставува прашањето дали ќе има време и пари паралелно да развие летачки Cadillac, но можеби на следниот CES ќе претстави функционален прототип кој ќе ги пренесува посетителите новинари од една на друга прес-конференција.

Поврзани вести

Бележат загуби од 12 милијарди долари, но плаќаат бонуси на работници

Влатко Зорба

Европа стравува од банкрот: Холандските угостители ја тужат владата поради мерките

Влатко Зорба

Биткоинот порасна на 20.000 американски долари

msp-admin