20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Проблеми за проектот Libra – PayPal си заминува

PayPal Holding, сопственикот на истоимениот систем за дебитно плаќање, објави дека се повлекува од Libra Association, која стои зад напорите на Facebook да создаде глобална дигитална валута.

PayPal е првиот член што го напушти здружението. Компанијата соопшти дека имаат намера да се фокусираат на нивниот основен бизнис, објави Ројтерс.

„Промената, што ќе ги пренасочи финансиските системи кон луѓето, а не кон институциите, што им служат, ќе биде тешка. Посветеноста кон оваа мисија е поважна за нас од било што друго“, коментираат од PayPal.

Претходно, Вол Стрит Журнал објави дека системите за плаќање Visa и Mastercard, исто така, се премислуваат за нивното учество во проектот затоа што не сакаат да го привлечат вниманието на регулаторите.

По објавувањето на PayPal, здружението останува со 28 члена. Засега нема официјален коментар за процесите во организацијата од страна на Facebook.

Поврзани вести

Кина ќе изгради повеќе од 600.000 базни станици за 5G во 2021 година

msp-admin

Извозот на сладолед лани ни донесе над седум милиони долари

msp-admin

Tesla доаѓа во Хрватска и бара работници

msp-admin