СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Renault сака да стане технолошка компанија која работи со автомобили

Францускиот производител на автомобили Renault усвои амбициозен план за намалување на трошоците до 2025 година, со цел забрзување на електрификацијата на моделите, објави извршниот директор, најавувајќи трансформација во „технолошка компанија што работи со автомобили“.

Фиксните трошоци ќе се намалат за три милијарди евра до 2025 година, покажува новиот петгодишен план на компанијата. Сегашниот план предвидува намалување на трошоците за две милијарди евра до 2022 година.

Новата цел ја одразува желбата на извршниот директор Лука де Мео да ја забрза стратегијата на компанијата за електрични возила.

Идната линија на возила на Renault ќе биде „опремена со технолошки решенија, електрифицирана и конкурентна“, се вели во изјавата на Де Мео.

„Денес сме автомобилска компанија која работи со технологија и во следната фаза ќе бидеме технолошка компанија која работи со автомобили“, изјави извршниот директор на Renault.

До 2030 година ќе генерираме најмалку 20 проценти приход од трговија со услуги, податоци и енергија, додаде тој.

Компанијата прво мора да се опорави од загубите – во првата половина на минатата година тие работеа со загуба од 7,3 милијарди евра, заедно со јапонскиот партнер Nisan.

Податоците за целата година треба да бидат презентирани во средината на февруари.

Де Мео ќе се фокусира на профитот и ефикасноста и рече дека бројот на произведени автомобили ќе се намали на 3,1 милиони во следните пет години. Тие минатата година произведоа четири милиони од нив.

Компанијата минатата година, исто така, објави дека ќе отпушти 15.000 работници. Планот на Де Мео не вклучува дополнителни отпуштања, изјавија извори од компанијата.

Renault, исто така, претрпе несреќи во сојузот со јапонските Nissan и Mitsubishi, кој беше погоден од скандалот со апсењето на тогашниот директор на трите компании – Карлос Гон на крајот на 2018 година, потсетува ДПА.

Поврзани вести

Агенцијата за странски инвестиции иницира вклучување на општините и локалните бизниси во процесот на привлекување на нови инвестиции

msp-admin

ОПЕК Плус го шокираше светскиот пазар на нафта

Влатко Зорба

Колку извезуваме, а колку увезуваме од Германија, Британија и Србија?

msp-admin