СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија од 1 април ги обновува летовите со шест земји

Русија ќе ги обнови воздушните врски со шест земји, вклучувајќи ја и Германија, од 1 април, откако ги суспендираше во голема мера со цел да го запре ширењето на коронавирусот, соопшти денеска руската влада.

„Одлучено е од 1 април, на реципрочна основа, да бидат обновени редовните воздушни врски со Венецуела, Сирија, Таџикистан, Узбекистан и Шри Ланка, како и со Германија“, се вели во соопштението на владата.

Редовните летови ќе се вршат двапати неделно помеѓу Москва и Каракас и еднаш неделно меѓу Москва и Дамаск. Сепак, руските граници остануваат затворени, освен за многу ограничени исклучоци.

Редовните летови кон Германија ќе се вршат неколку пати неделно од Москва и Санкт Петербург до Франкфурт и Берлин, додаде руската влада.

Русија, која досега официјално евидентирала повеќе од 4,4 милиони случаи на коронавирус и над 96.000 смртни случаи, досега одобри три вакцини за коронавирус и смета дека нејзината кампања за масовна вакцинација, која започна во јануари, ќе има позитивно влијание врз борбата против епидемијата.

Поврзани вести

SpaceX ги објави цените за услугите на Falcon 9

msp-admin

„Пурпласт“ ќе произведува компоненти што ќе ги извезува за најголемите автомобилски компании (ВИДЕО)

msp-admin

Од „бебе од контејнер“ до милионер

msp-admin