СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Шефицата на ЕЦБ очекува 2021-ва да биде „година на закрепнување“

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард денеска изјави дека очекува 2021 година да биде „година на закрепнување“ на еврозоната.

„Очекуваме трендот на закрепнување да се забрза во средината на годината, дури и ако трае неизвесноста околу вакцинацијата“, рече Лагард во интервју за „Le Journal du Dimanche.“.

И покрај тоа, ЕУ „нема да забележи враќање на „предпандемските нивоа на економска активност пред средината на 2022 година“, додаде Лагард.

Европските официјални лица претходно изјавија дека заздравувањето на еврозоната од коронавирус не е запрено, туку само се забавува.

Поврзани вести

„Бентли“ масовно отпушта работници

msp-admin

Наскоро ќе може да заработите многу повеќе на Инстаграм

Влатко Зорба

Извршниот директор на Ериксон лобирал Шведска да ја повлече забраната за „Хуавеи“

Влатко Зорба