Сега секој го знае неговото име, имињата на компаниите со кои управува, колку пари има во банка. Да, со близу 190 милијарди долари, Елон Маск (Tesla и SpaceX) е официјално најбогатиот човек на светот, но што знаеме за него?
Веруваше во електрични возила кога малкумина мислеа дека овој тип на автомобил може да го замени конвенционалниот, а љубовта кон вселената ја претвори во профитабилен бизнис – компанијата SpaceX.
Тој има помлад брат и сестра, а потоа полубрат и полусестра од страната на таткото, како и седум сина. Ова се поинтересни факти што можеби не сте ги знаеле за Маска, основачот на познатата Tesla.
Бидејќи тој и Безос сега се главни ривали, странските медиуми направија интересни споредби. Покрај разликата во богатството, која сега изнесува околу 1,5 милијарди долари во корист на Маск, помладиот Американец е околу 17 см повисок од газдата на Amazon. Безос е висок 171 см, а Маск – 188 см.
Се проценува дека Американецот, роден на 28 јуни 1971 година, има IQ висок 155, додека оваа информација за Џеф Безос не е позната. Маск пораснал во Јужна Африка, со неговиот татко, откако неговите родители се развеле. Кога дошол во САД да студира, живеел, како што вели, со „1 долар на ден“.
Уште во 1980 година, тој одлучи дека сака да живее со својот татко, но подоцна, според него, се покајал за тоа. Тој го опиша како „страшно човечко суштество“.
Но, од друга страна, во текот на целиот живот тој имал голема поддршка од неговата мајка Маја Маск, поранешна манекенка. Во јануари 2020 година, таа стана и најстарата манекенка во историјата, позирајќи за модното списание „CoverGirl“, на 69-годишна возраст.
Невообичаен став кон работата
Маск никогаш не ја прифати „платата на Tesla“ – наместо тоа, тој се одлучи за компензација заснована врз „фер капитал“. Кога ја напушти Јужна Африка да студира во Соединетите држави, сфати што значи да се врзува крај со крај. Во тоа време, тој најмногу живеел на виршли и портокали.
Кога лани беше лансирана ракетата SpaceX – Falcon 9 – тоа беше историски успех за компанијата, но и за самиот Маск. Само лансирањето гледаше цела Америка, вклучително и Доналд Трамп. Тоа беше на крајот на мај, а во истиот месец, американецот ги „потопи“ акциите на Tesla.
Скоро 15 милијарди долари беа избришани од вредноста на компанијата за електрични возила затоа што Маск објави на Твитер дека цените на акциите се „премногу високи“.
После дипломирањето на економијата и физика на Универзитетот во Пенсилванија, Маск се запишал на постдипломски студии по физика на Стенфорд, но два дена подоцна се откажал да се качи на „дотком“ бранот.
Семејна идила
Неговиот брат Кимбал е исто така успешен, но ни блиску како Елон. Помладиот Маск е сопственик на „Kitchen Restaurant Group“, а помладата сестра Тоска е режисер. Тројцата го делат истото средно име – Рив.
Дека „тивката вода брег рони“ е дефинитивно точно во неговиот случај. Имено, Елон Маск бил толку тивок како дете, што неговите родители помислиле дека е глув некое време. Но, од рана возраст тој покажувал претприемачки дух, па продавал чоколадни велигденски јајца во богатите населби.
Маск наводно ја прочитал целата енциклопедија на Британика кога имал само 9 години, но како дете често бил малтретиран на училиште. Поради тоа, тој дури заврши во болница, а потоа на 15-годишна возраст ги усовршил џудото и каратето.
Интересно, основачот на Tesla и SpaceX има дури седум сина. Најстариот има 17 години, а најмладиот ќе има само една година во мај 2021 година.