СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Таен договор дозволува на близок на Ердоган да произведува „Спутник V“ во Турција

Близок сојузник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвува да започне со производство на руската вакцина против Ковид-19 – „Спутник V“, како дел од едномесечниот договор обвиен во тајност, пренесува „Блумберг“.

Озтурк Оран, претседател на Исламската банка „Вакиф Катилим“ и сопственик на фармацевтската компанија „ВисКоран Илач Санаји“, потпиша договор со рускиот фонд за директни инвестиции за производство на вакцината во Турција. Кирил Дмитриев, управител на фондот, го потврди договорот за копродукција со една турска компанија, но одби да каже за која станува збор.

Оран, доверлив соработник на Ердоган уште од раните денови на политичката кариера на претседателот, изјави за „Блумберг“ дека „ВисКоран“ го потпишал договорот на 16 август, долго пред да се утврди дека ефективноста на руската вакцина е над 90% во испитувањата. Приватната „ВисКоран“ нема капацитет за масовно производство на „Спутник V“, така што најголемиот дел од работата најверојатно ќе биде ангажиран во една од ретките турски компании со технички капацитет за масовно производство, рече Оран.

Оран и Дмитриев одбија да обезбедат распоред за производство.

Со благослов од Путин и Ердоган

Преговорите за копродукција започнаа откако рускиот претседател Владимир Путин го отвори ова прашање со Ердоган, рече во декември турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Двајцата лидери ги приближија своите земји воено и комерцијално во последните неколку години, предизвикувајќи загриженост кај постарите западни сојузници на Турција во врска со топлите врски меѓу Анкара и Москва. Одлуката на Турција да купи руски ракетен одбранбен систем предизвика американски санкции, а турската војска е исклучена од програмата за копродукција на воените авиони Ф-35.

Дмитриев негираше каков било политички мотив за зделката за „Спутник V“, велејќи дека е сосема природно турските компании да бидат заинтересирани да добијат лиценца за производство на „најдобрата вакцина во светот“.

Според Оран, Турција на крајот може да произведе повеќе дози отколку што е потребно за да ги вакцинира своите 83 милиони граѓани и 5-те милиони бегалци кои живеат на нејзина територија, дозволувајќи и да ја извезува вакцината во остатокот од светот.

Турција има договор со Кина да купи 50 милиони дози вакцина „КоронаВак“ од „Синовак бајотек“ до крајот на март и договор за дополнителни 4,5 милиони дози на лекот од американскиот „Фајзер“ и германскиот „БајоНТек“. Покрај тоа, земјата развива неколку лекови на локално ниво, кои сè уште се во рана фаза на клинички испитувања.

Поврзани вести

„Спејс Икс“ лансираше ракета кон Меѓународната вселенска станица (ВИДЕО)

msp-admin

PepsiCo ја удвои својата цел за намалување на влијанието на климатските промени

Влатко Зорба

Вредноста на компанијата скокна за 50 отсто, Џек Ма продаде акции и го намали уделот

msp-admin