СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Тесла“ на чекор од отворање ланец на ресторани

Извршниот директор на „Тесла“, „Елон Маск“, е на чекор до отворање ланец ресторани, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Блумберг“.

Според агенцијата, на 27 мај „Тесла“ поднелa барање до Управата за патенти и трговски марки на САД за употреба на неговото лого Т и две други верзии на стилизираното лого на „Тесла“ во прехранбената индустрија.

Сите три барања се однесуваат на примена на логото за „ресторански услуги, поп-ап ресторански услуги (служење храна од тезга на тркала), ресторански услуги за самопослужување и услуги за храна за носење“.

„Блумберг“ потсетува дека Маск со години зборуваше за отворање ресторан во Јужна Калифорнија и дека во 2018 година тој објави на Твитер дека планира да започне „drive in“ услуга за продажба на храна на една од новите локации на „Тесла“ за станици за полнење на електрични возила во Лос Анџелес.

Поврзани вести

LinkedIn испраќа 15,900 работници на одмор

Влатко Зорба

Завршена аквизицијата на проектот со фотоволтаици во Кожани финансиран преку издавање нова обврзница

msp-admin

Huawei ќе гради 5G фабрика во Европа

msp-admin