СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тесла веќе заработи повеќе од биткоин отколку од електрични возила

Тесла предизвика шок на пазарот кога објави дека купува биткоини за 1,5 милијарди долари. Овој потег ја катапултираше цената на најпознатата криптовалута до незамисливи височини, истовремено носејќи импресивен профит за тој производител на електрични возила, пишува „Yahoo Finance“.

Еве што се случи: биткоинот за првпат во вторникот надмина 50.000 долари, продолжувајќи да расте во 2021 година, бидејќи растечкото прифаќање на таа криптовалута ја зголеми побарувачката од инвеститорите кои се обложуваа на нејзиниот иден раст.

Тесла во јануари купи биткоини за 1,5 милијарди долари, иако не откри по која цена и колку вкупно поседува.

Дали има смисла да се купи автомобил на „Тесла“ со биткоини?

Да потсетиме, во јануари со БТК се тргуваше од 29.333 до 37.020 долари за парче, што значи дека за 1,5 милијарди Тесла требаше да добие од 37.020 до 51.137 биткоини.

Во зависност од тоа која вредност е земена во предвид, вредноста на биткоинот во сопственост на Тесла е, според денешната цена од 51.259 долари, најголема досега, за 51.137 биткоини – 2.621.231.483 американски долари, така што профитот може да биде поголем отколку во целата деловна активност 2020 година, пишува „Yahoo Finance“.

Имено, Тесла пријави профит од 721 милиони долари во фискалната 2020 година, по загубата од 862 милиони во 2019 година. Дури се проценува дека профитот од таа една набавка на биткоин може да го надмине вкупниот профит на Тесла од автомобилите во изминатата деценија.

Поврзани вести

Кина драматично ги надминa САД во 5G инвестициите

msp-admin

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022 година

Влатко Зорба

Huawei подготвен да ги исполни сите барања Шведска за 5G мрежата

msp-admin