СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Убер со видео порака за 3 минути отпушти 3.500 работници

Пандемијата на „ковид-19“ погоди економски многу индустрии, а денес американската компанија Убер, која организира автомобилски превоз преку апликација, отпушти 3.500 луѓе – за кои тврди дека не вработува.

Оваа вест, која ја пренесува порталот „Еуропатодај“, за намалувањето на бројот на работни места, е само по себе тежок удар за отпуштените, но уште е шокантно што компанијата која вреди 60,5 милијарди долари на берзата, реши да им го каже на луѓето преку видео конференција.

Пораката до вработените дека од денес веќе немаат работа траеше само 3 минути.

“Нашиот бизнис како приватни возачи е преполовен. Помалку луѓе патуваат, за нашите услуги се помалку и помалку има побарувачка и моравме да го рационализираме нашиот бизнис. Нема повеќе работа за сите вработени во Убер. Затоа, решивме да намалиме 3.500 работни места”, рече Руфин Севало, сервис-менаџер во Феникс, САД.

Новинскиот портал „Еуропатодај“, пренесе снимка на адреса на жена која плачела додека читала порака до вработените кои губат работа, но тоа не ја променило судбината на овие луѓе.

Убер е основана во Сан Франциско во 2013 година со идеја да поврзе приватни возачи или обични луѓе со мобилна апликација и да превезува патници до посакуваната дестинација, а за многу кратко време се рашири во земји низ целиот свет.

Пробивот на Убер, кој практично е диво такси, на пазарот во многу земји, а особено во Европа, наиде на отпор и протести од таксистите.

Поврзани вести

Трамп заработил пари на демонстрантите: Собите на денот на протестот наместо 500, чинеле 8.000 долари

Влатко Зорба

Гацов: Очекуваниот промет од 170 милиони евра од „Викенд без ДДВ“ е преоптимистички

msp-admin

Велика Британија останува најголем купувач на руско злато