20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки се проценува на 500 милиони евра

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги превземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од КОВИД-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, соопшти инистерката за финансии, Нина Ангеловска.

Досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните
и 100 милиони евра кон фирмите.

За граѓаните:
* Домашна платежна картичка за над 330.000 граѓани – 28.3 милиони евра.
* Ваучери за домашен туризам за над 117.000 граѓани – 12 милиони евра.
* За самостојните уметници – 65.000 евра
* За спортистите – 400.000 евра
* За паричен надоместок за невработеност – 50% од последната просечна нето-плата – 810.000 евра

За компаниите:
* 14.500 денари финансиска поддршка за над 130.000 вработени во над 19.500 фирми – 83,3 милиони евра
* Бескаматни кредити преку Развојната Банка – поддршка за 1.331 претпријатие и над 16.600 вработени – 12,7 милиони евра досега.
* Субенционирање на 50% од придонесите до просечна плата за погодените компании, за над 2500 компании – 1,4 милиони евра
* Ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход за над 1500 даночни обврници – околу 2 милиони евра

Во тек на реализација се и други мерки за поддршка за компаниите како што е јавниот повик кој е отворен до 31ви јули за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите за време на и во пост-ковид периодот за што се буџетирани 20 милиони евра http://economy.gov.mk/doc/2823

Како и јавниот повик за субвенции за ко-финансирање на настани http://economy.gov.mk/doc/2824

Со овие средства директно се помагаат граѓаните, се заштитуваат работните места и се помага ликвидноста на стопанството, а со тоа се поттикнува и поддржува економската активност. Досегашните мерки придонесуваат за побрзо и полесно надминување на кризата, а ќе помогнат и во фазата на заживување на економијата, додава таа.

Поврзани вести

Почна пресметката меѓу „Фолксваген“ и „Тесла“ вредна милијарди

msp-admin

Копач: С. Македонија најдобра во енергетските реформи

msp-admin

Ковачевски: Енергетската трансформација на РЕК „Битола“ не може да се направи преку ноќ

msp-admin