СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Волстрит предупредува дека може да го напушти Њујорк по повеќе од два века

Њујоршката берза предупреди дека може да ја напушти земјата доколку властите воведат данок на трансфер на акции. Волстрит директно се спротивстави на плановите на претседателската администрација, која во дополнителното оданочување гледа можност да се „закрпи“ рекордниот буџетски дефицит.

Доколку законот се смени, центарот на глобалната индустрија можеби ќе треба да најде нов дом, го пренесе „Волстрит журнал“ предупредувањето од претставници на NYCE (Њујоркшка берза). Според списанието „Форбс“, повеќе од 25 важни берзански имиња. вклучувајќи директори на големи инвестициски банки и хеџ фондови, им пишале на државните законодавци со намера да ги одвратат од намерата да воведат оданочување.

Предлогот за оданочување на берзанските трансакции со акции, обврзници и други хартии од вредност се совпадна со остриот пад на приходите на сојузната држава Њујорк поради пандемијата на коронавирус. Демократите кои стојат зад предлогот велат дека даноците ќе помогнат да се надополнат изгубените приходи, негирајќи дека берзата може да го напушти Њујорк доколку предлогот помине.

„Берзата нема да го напушти Њујорк, еден од најголемите финансиски центри на Земјата, ако го усвоиме овој закон со кој ќе се воведат минимални даноци на одредени финансиски трансакции, политика што веќе долго време ја водат други успешни финансиски центри во светот“, рече сенаторот од Њујорк Џулија Салазар, која се залага за предлогот.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо не даде поддршка за предлогот, но ја изнесе идејата за балансирање на буџетот преку зголемување на даноците на доход.

„Сега светот е поинаков, нели? Некогаш сте можеле да ги оданочувате трансакциите затоа што тие се случуваат во Њујорк. Денес, како што видовме за време на пандемијата, луѓето можат да прават бизнис насекаде“, рече Комо.

Тој додаде дека брокерите веќе не мора да тргуваат со акции во Њујорк, туку од своите домови. Според него, би било доволно само да се преселат серверите и трансакциите во друга земја каде таков данок не постои. Флорида се споменува како една од новите дестинации на Њујоршката берза, бидејќи многу канцеларии од Менхетен веќе се преселиле таму.

NYCE датира од времето кога Њујорк беше американска престолнина, и пред градот да стане финансиска престолнина на светот. Во тоа време, Амстердам беше главниот светски центар за финансии, а од почетокот на 19 век, тој статус го презеде Лондон. Њујорк и Соединетите држави ја презедоа власта по Втората светска војна. Берзата на Волстрит постои од 1792 година.

Поврзани вести

Хрватска ќе преговора со Меркел за инвестиција на „Фолксваген“

msp-admin

„Луфтханза“ со рекордна загуба од 6,7 милијарди евра во 2020 година

Влатко Зорба

СКСЗМ: Пост Ковид поддршка за 15 микро и мали компании

msp-admin