Гиганти како „Фејсбук“, „Гугл“, „Амазон“, „Убер“ и „Ербнб“ доминираат на пазарот поради можноста да се предвидат желбите и однесувањето на клиентите, да се одговори на нив, па дури и да се променат и обликуваат според нивниот вкус.
Едно нешто што им е заедничко на сите е дека тие многу се потпираат на рекламирање и маркетинг.
Последица е дека тие вработуваат најголеми експерти од овие области и со тоа плаќаат големи суми за да ги задржат на тие позиции. Во потрага по експерти, компаниите ги надминаа границите на земјите во кои работат, па затоа бараат квалитетни луѓе ширум светот.
„Ербнб“
Иако на почетокот пандемијата сериозно го потресе бизнисот на оваа компанија, благодарение на ублажувањето на мерките за заклучување воведени поради короната, се поголем број туристи решија да резервираат куќи наместо хотели, што му помогна на „Ербнб“ неочекувано да оствари профит во третиот квартал. Компанијата исто така има корист од зголемениот интерес за изнајмување куќи на периферијата на поголемите градови. Оваа компанија сè уште е една од најпосакуваните за работа.
Супервизор за маркетинг – 150.000 долари годишно
Креативен директор – 215 000 долари
Главен финансиски директор – 280.000 долари
„Амазон“
За време на пандемијата „Амазон“ работи подобро од кога било. Цената на акциите скока од рекорд на рекорд. Безос, најбогатиот човек на светот и пред пандемијата, сега е уште побогат.
Најголемиот дел од богатството од 185 милијарди американски долари е од армијата на добавувачи на „Амазон“, која доставуваше материјали во светот за време на карантин и им помагаше на луѓето да бидат безбедни и здрави пред оваа пандемија.
Супервизор за маркетинг – 91.100 долари (годишно)
Специјалист за маркетинг – 95.000 в
Аналитичар на продажба – 128 000 долари
Виш супервизор за маркетинг – 185.000 долари
„Епл“
Една од највредните компании во светот брзо се опорави од првичното влијание на пандемијата во март, па дури и за време на пандемијата, воведе нов производ на пазарот.
Помлад уметнички директор – 92.000 долари (годишно)
Супервизор за односи со јавност – 174.000 долари
Уметнички директор – 229.300 долари
Супервизор за рекламирање – 240.000 долари
Директор за дизајн – 290.000 долари
Креативен директор – 300.000 долари
„Гугл“
„Гугл“ одамна е најпосакуваниот работодавец во светот – поради одличните плати, имиџот и условите за работа. Иако оваа слика е разнишана по информациите за формирање на синдикат од незадоволни работници, платите во оваа компанија се уште се на завидно ниво и нема експерт кој не би работел таму.
Супервизор за рекламирање –123.900 долари (годишно)
Аналитичар за рекламирање – 144.000 долари
Креативен директор – 290.000 долари
Директор за маркетинг – 315.000 долари
„Убер“
Во првите три квартали од оваа година, „Убер“ забележа загуба од 5,8 милијарди долари поради негативното влијание на пандемијата на вирусот. Сепак, компанијата се надева дека ќе оствари профит следната година.
Супервизор за маркетинг – 124.315 долари (годишно)
Виш специјалист за дигитално рекламирање – 202.000 долари
Супервизор на група – 238.000 долари.