СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

За што најмногу се жалат македонските потрошувачи?

Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) – Скопје и останатите организации на потрошувачите со седиште во Охрид, Битола, Штип, Тетово и Кочани во текот на 2019 година извршија значаен број советувања, при што може да се заклучи дека бројот на вкупни совети не отстапува многу во споредба со минатата година.

Во периодот од јануари до декември 2019 година, остварени се 2.707 советувања од кои 80,9% биле телефонски, 13,7% биле лични советувања, 3,1% биле преку електронска пошта или преку Facebook. Советувањата по пат на регуларна пошта изнесуваат само 2,3% од вкупниот број советувања.

Од вкупниот број советувања, најголем дел (58 %) се оствариле на територија на Градот Скопје. Во Советувалиштето на ОПМ во Скопје се евидентираат и поплаките од потрошувачите од други градови во Македонија (каде што нема потрошувачки организации), односно 199 потрошувачи од други градови се јавиле во советувалиштето во Скопје, а овие советувања учествуваат со 7% во вкупниот број дадени совети. Од друга страна, процентуално искажано, во вкупниот број совети се евидентира дека со 8% учествува ОП Охрид, со 8% учествува ОП Битола, со 8% учествува ОП Штип, а 11% од вкупниот број советувања се остварени од страна на Организацијата на потрошувачите на Кочани.

Најголем број од поплаките се однесуваа на категоријата производи, од кои како најзастапени беа техничките производи, белата техника и производите во домот. Кога се во прашање техничките производи, најактуелни меѓу оштетените потрошувачи беа тие кои се однесуваа на мобилни телефони и телевизори.

Производи за кои се поднесени најголем број поплаки спаѓаат во категоријата: бела техника и во најголем дел се однесуваа на машини за перење, инвертери и фрижидери, а како најзастапен производ во домот за кој се поднесени најголем број на поплаки е издвоен мебелот.

Од категоријата општо во која потрошувачите ги пријавуваат проблемите со попустите, недоставените производи, барањето на информација и слично, најголем број поплаки се однесуваа на категоријата недоставен производ, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не им бил доставен нарачан и платен производ на време.

Од услугите, како најзастапени се издвојуваат туристичките услуги (од кои како највпечатливи беа случаите за изгубени куфери при трансфер со автобус). Од јавните услуги, речиси од сите поткатегории имаше проблеми, од кои најзастапени беа телекомуникациските услуги (за сметки), електрична и топлинска енергија (за сметки и за застарени сметки).

Од специјалистичките советувања, најзастапени се проблеми со осигурување, додека поплаките за храна и домување беа сведени на минимум (имајќи го предвид фактот дека Агенцијата за храна и ветеринарство има бесплатна линија за поплаки и Одделение за заштита на потрошувачи).

Иако бројката на поплаки за финансиски советувања беше мала, дел од советите се однесуваа на проблеми со кредити, каматна стапка и трошоци за заверување кај нотар кои дополнително се наплатуваат.

Поврзани вести

Милијардерот го шокира светот: Основачот на „Тесла“ продава сè што има

msp-admin

Бензините поскапуваат за 3,5, нафтата за 1,5 денари

msp-admin

Си Џинпинг повика на поголема улога на Г-20 во глобалното економско управување

Влатко Зорба