Bitcoin (BTC) двојно ја зголеми цената во последниот месец и ја заврши неделата на над 40.000 УСД. Инвеститорите во најпопуларната криптовалута се на мислење дека овој раст е фер, но друг дел од трејдерите се со спротивно мислење.
Растот е уште еден случај на шпекулативна манија. BTC изгледа како „мајка на сите балони“, рече главниот стратег за хартии од вредност на Bank of America, Мајкл Хартнет.
Во неговиот последен извештај, тој посочува дека од почетокот на 2019 година, вредноста на Bitcoin е зголемена за скоро 1.000%, што е далеку повеќе од растот забележан кај другите средства во последните децении.
Ова вклучува раст од 400% на цената на златото од крајот на 1970-тите, пораст на јапонските и тајландските берзи од 1980-тите и 1990-тите и цените на имотот од 2007-2008 година.
Сите овие сектори објавија раст во трицифрен процент пред да се случи посериозен колапс. Слични силни движења нагоре беа пријавени кај кинеските акции, како и кај технолошките компании на Волстрит.
Хартнет не предвидува пад на цената на Bitcoin. Наместо тоа, тој посочува дека зголемувањето на цената е уште еден пример за високо шпекулативно однесување на инвеститорите.
Фановите на дигиталната паричка ја истакнуваат како една од нејзините главни предности можноста за заштита од инфлација во позадината на опаѓачкиот курс на американскиот долар.
„Инвеститорите во BTC во моментов плаќаат двојно повеќе за средство отколку што беше случај два месеци порано“, рече Мајк О’Рурк, главен аналитичар во JonesTrading.
Само во последните 5 дена, цената на најпопуларната криптовалута додаде уште 20%, пишува Си-Ен-Ен.