СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Царството на биткоин повторно вреди повеќе од трилион долари

Најпознатата криптовалута повторно расте, а моментално вреди 54.567 долари. Вредноста на сите биткоини повторно надмина 1 трилион долари, откако скокна цената на криптовалутата.

Ова е само втор пат досега, вредноста на биткоинот да надмине еден трилион долари, а пресвртната точка се случи на 19 февруари оваа година. Тогаш тоа траеше неколку дена.

Биткоин, патем, расте со месеци, со мало опаѓање. Другите криптовалути не се ни „на километар“ од него. За потсетување, неодамна оваа монета достигна вредност од 58.332,36 американски долари.

Дигиталната валута порасна за повеќе од 80% оваа година, а во последните 12 месеци за дури 570 проценти. Неколку фактори се одговорни за ова – прво беше недоверба во стабилноста на валутите, а потоа следеа некои значајни набавки од компании како „Тесла“, „Сквер“ и „Мајкростратеџи“.

Во неделата, кинескиот производител на апликации „Меиту“ рече дека купува не само биткоин, туку и друг популарен „коин“, Етер, од мрежата Етереум, кој во моментов се тргува за 1.815,99 долари

Компаниите, исто така, прават аквизиции во областа на криптовалутите. „ПејПал“ во понеделникот соопшти дека ќе купи компанија за заштита на криптовалути, наречена „Крв“. Застапниците на биткоинот честопати го нарекуваат „дигитално злато“ затоа што тие го доживуваат како заштита од инфлација и потенцијално „безбедно прибежиште“ кога се појавуваат кризни времиња.

Некои тврдат дека лабавата монетарна политика, како што се ниските каматни стапки и купувањето средства од централните банки ширум светот, ја „уништува“ вредноста на фиат парите, како што е американскиот долар, и дека биткоинот е подобра алтернатива за инвестирање.

Поврзани вести

Биткоин оди на 100.000 $ до крајот на годината?

Влатко Зорба

Вредноста на биткоинот скокна на 44.000 долари по објавата дека Тесла инвестира во криптовалутата

Влатко Зорба

Дали ова ќе биде најуспешниот месец за Биткоин?

Влатко Зорба