СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Кој направи трансакција со Биткоин вредна 4,5 милијарди долари?

Трговците со крипто го следат трансферот на околу 4,5 милијарди долари во Биткоин.

Движењето, кое за првпат беше откриено од автоматскиот Bitcoin тракер „Block Bot“, испрати 103.510 БТК во единствена трансакција за надомест од смешни 21 долар.

Потегот, што се случи во саботата, е еден од најголемите во историјата на Биткоин.

Оваа трансакција го засени трансферот на 88,857 БТК во вредност од 1,1 милијарда американски долари минатиот октомври, што се сметаше за најголема зделка со Биткоин направена досега.

По разгледувањето на адресата за испраќање вклучена во трансакцијата во саботата, стана јасно дека зад трансферот стои берзата за крипто-валути – Bitfinex.

Според Bitinfocharts, адресата е „ладно портфолио“ во сопственост на берзата за криптовалути.

Иако берзата не објави изјава за трансакцијата, таа има репутација на платформа која прилично редовно преместува големи количини на БТК.

За време на објавувањето, „ладното портфолио“ останува третата најбогата адреса на Биткоин. Дури и по огромниот трансфер во саботата, портфолиото содржеше 98,511 БТК во вредност од околу 4,3 милијарди долари.

Поврзани вести

Altcoin пазарот е во пораст

Влатко Зорба

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Влатко Зорба

Украина ќе користи блокчејн за заштита на интелектуалната сопственост

Влатко Зорба