СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Копањето“ Биткоин може да ја подигне ГЛОБАЛНАТА ТЕМПЕРАТУРА за 2 степени до 2033 година

Само биткоинот може да произведе доволно штетни материи за да се подигне глобалното ниво на температурата за 2 степени Целзиусови до 2033 година, доколку се примени со слична брзина со која се прифаќаат другите технологии. Ова го пишува во новата студија на списанието Nature Climate Change.

„Биткоинот е криптовалута која има огромни хардверски побарувања, што очигледно се претвора во голема потрошувачка на електрична енергија“, рече еден од авторите на истражувањето, објави порталот „Стартит“.

Купувањето на биткоин создава трансакции што ги бележат и обработуваат поединци наречени „рудари“. Тие ја групираат секоја трансакција со Биткоин, што е направена во одреден период, во блок. Блоковите се додаваат на ланецот, кој е практично „јавна книга“. Процесот на проверка на рударите, кои го дешифрираат компјутерски потребниот „доказ за работа“ за да добијат дигитални пари, бара големи количини на електрична енергија.

Овие барања предизвикаа многу тешкотии, како и дискусијата преку Интернет, за тоа каде да се постават објектите потребни за „копање“. Она за што не се зборува доволно е влијанието врз животната средина што го има производството на толку многу електрична енергија.

Тим истражувачи анализирале информации како што се енергетската ефикасност на компјутерите што се користат за „копање“ на Биткоин, географската локација на рударите и емисиите на СО2 во тие земји. Врз основа на овие податоци, истражувачите процениле дека употребата на Биткоин во 2017 година произвела 69 милиони тони од споменатиот гас.

Авторите на извештајот, исто така, проучуваа како другите технологии се прифатени од општеството и создадоа проекции за да проценат колку емисии би имал Биткоин ако расте со иста брзина.

Заклучокот е дека, дури и ако се случи најбавно, вкупните штетни материи се доволни за да се загрее планетата за повеќе од 2 степени Целзиусови за само 22 години. Доколку се прифати со просечна брзина на другите технологии, ќе го достигнеме тоа ниво за 16 години.

„Во моментов, штетните емисии од сообраќајот, домувањето и храната се сметаат за најголеми виновници за климатските промени што се случуваат во моментов. Ова истражување покажува дека треба да додадеме Биткоин на таа листа“, рече коавторот.

Поврзани вести

Биткоинот стана официјално средство за плаќање во Ел Салвадор

Stefanija Kuzmanovska

Биткоинот тоне: Неодамна ја надмина вредноста од 60.000, а сега е далеку под 40.000 долари

Како може да се реши најголемиот проблем на Ethereum мрежата?

Влатко Зорба