СТАНДАРД life
Секс и врски

Сите заљубени парови минуваат низ овие фази од сексуалниот живот

Луѓето се менуваат со текот на годините, а со нив и сите врски што ги создаваат. Истото важи и за сексуалниот живот, кој во просек поминува низ осум различни фази во бракот или долготрајната врска.

Почетниот занес и страста е тешко да се одржат во живот, но можно е ако се вложи многу труд, истакна британската експертка за врски Трејси Кокс.

Фаза 1: Опсесија и страст

Првата фаза е проследена со еуфорија и опиеност на партнерите еден од друг. Во тоа време, мозокот, понесен од љубовта, ослободува високо ниво на хормони на среќа, серотонин и допамин, што му дава на телото експлозија на енергија. Паровите најчесто ја користат оваа енергија за да се тркалаат меѓу чаршафите. Сексот тогаш е чест, а партнерите се ненаситни и поминуваат што повеќе време во кревет.

Фаза 2: Гушкање

По почетната фаза на постојан секс, страста полека се намалува и започнува фазата на гушкање. Тогаш чувството на сигурност е поважно од брзиот секс на задното седиште во автомобилот. Во тоа време, кога ќе исчезне занесот, можете да видите каков сексуален живот ќе има парот, пишува „Дејли Мејл“.

Фаза 3: Игри на моќ

Во оваа фаза се водат борби за моќ, односно се одлучува кој е шеф во врската. Расправиите можат да бидат интензивни и остри, а сексот се користи како оружје. Партнерите користат секс за да постигнат нешто или дури и го негираат за да ги постигнат своите цели.

Фаза 4: „Флертување“ со други

Паровите полека сфаќаат дека не е возможно да бидат се еден на друг. Потоа почнуваат да бараат исполнување на нивните потреби кои партнерот не може да ги задоволи надвор од домот. Тоа може да бидат хоби, различни активности… Ретко кога партнерите го сакаат тоа во исто време, па некој е секогаш повреден. Ваквото однесување се рефлектира и во нивниот сексуален живот, па паровите се повеќе ги забележуваат нивните разлики. Тоа им е и можност да испробаат нови работи, а малку љубомора може да ги зачини жешките игри меѓу чаршафите.

Фаза 5: Хаос поради децата

Во оваа фаза партнерот се обидува да се навикне на новите улоги на мама и тато, а во креветот има суша. Недостатокот на сон си го зема својот данок, што многу влијае на вашиот сексуален живот. Најдобро преживуваат паровите кои ги намалуваат очекувањата во првите две години од животот на детето, потврдија студиите. И сето тоа благодарение на тоа што знаат дека тоа е само привремена фаза.

Фаза 6: Сексот станува рутина

Врската или бракот без разлика дали имате деца или немате, преминува од „забавна“ во „функционална“. Заедно изградивте тим кој работи многу добро, но во овој момент партнерот е повеќе поврзан со сигурност отколку со страст. Сексот е рутина, а страста и креативноста речиси исчезнаа. Оваа фаза е најтешка за преживување, а се појавува некаде во 11-тата година од врската или бракот. Толку трае просечно еден брак во западниот свет пред да се распадне.

Фаза 7: Стареете заедно

Во оваа фаза паровите најчесто се соочуваат со заминувањето на децата од родителскиот дом, но тоа е и можност да се посветат еден на друг. Немаат секс толку често како порано, но затоа квалитетот е подобар. Во тоа време, паровите повторно можат да се фокусираат само на себе и на своето задоволство.

Фаза 8: Повторно заљубени

Паровите кои успеале да ги преживеат сите фази честопати повторно го откриваат целиот рингишпил од емоции што ги почувствувале на почетокот на врската. Голем број 70-годишници признаваат дека се презадоволни од својот сексуален живот кој во оваа фаза се карактеризира со уживање, поврзаност и нежност.

Може ли врската да функционира ако мажот заработува помалку од жената?

Поврзани вести

Мастурбација пред спиење: Не разбирате што се случува во вашето тело, добро ќе размислите!

Radmila Tasevska

Зошто мажите сакаат орален секс?

Radmila Tasevska

Најголемите машки стравови во љубовта

Radmila Tasevska