СТАНДАРД life
Шоубиз

Џони Деп: Единственото место каде што се чувствувам нормално е мојот дом на Бахамите

Џони Деп проговори за товарот на славата во интервју за South China Morning Post, а на прашањето каде се чувствува најдобро, дал јасен одговор.

„Очигледно мојот живот е малку поинаков од животите на другите луѓе, во смисла дека копнеам да можам да излезам во светот и да ги искусам работите, да гледам работи, да одам во продавница, книжарници. Но, не можам“, тој кажа.

„Онаму каде што најмногу се чувствувам како себеси во целиот свет и каде одам да се чувствувам сосема нормално е моето место на Бахамите бидејќи тоа е остров и никој не ме гледа“, објасни тој.

„Треба да имате некое засолниште, безбедно место каде што можете да избегате од погледите и интересите на другите, место каде што можете само да седите на плажа, да читате, да сликате, да медитирате или што било, тоа е слобода за мене. Тоа е единствената вистинска слобода“, заклучи тој.

Поврзани вести

📸 Блејк Лајвли фотографирана во ретко излегување со нејзината 16 години постара сестра

Radmila Tasevska

Нови обвиненија против Шон Диди Комбс за сексуални злоставувања, сега го тужи продуцент

Urednik

РИКИ МАРТИН СЕ РАЗВЕДУВА ОД СОПРУГОТ: Кој ќе ги добие децата?

Urednik