СТАНДАРД life
Фото: Flickr
Шоубиз

(Фото) Нов болен удар за Бред Пит: Уште едно дете што го има со Анџелина јавно се откажа од него

Медокс Џоли-Пит направи потег што претставува уште еден удар за неговиот татко, Бред Пит. Како и некои од неговите браќа и сестри, тој го промени презимето, отфрлајќи го делот со Пит.

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит потпиша ново презиме во шпицата за неговиот нов филм „Кутур“.

Анџелина глуми во филмот, додека Медокс работеше како помошник режисер. Според списанието „Пипл“, неговото име се појави во шпицата како Медокс Џоли. Ова го прави најновиот член на семејството кој се откажа од презимето на својот татко.

Филмот премиерно беше прикажан во Франција минатата недела, откако претходно беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, каде што тој беше исто така запишан како Медокс Џоли во одјавната шпица.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AmoMama (@amomama_usa)

Оваа промена е особено интересна бидејќи Медокс и претходно соработувал со својата мајка на филмски проекти. Неговото последно појавување беше во филмот „Марија“ од 2024 година, каде што работеше како асистент за продукција, а потоа беше запишан како Медокс Џоли-Пит во одјавната шпица.

Според Анџелина, Медокс е многу разновиден млад човек. Покрај тоа што работи на филмски сетови, тој зборува неколку јазици и е пилот, исто како неа.

„Јас сум пилот. И мојот син, Медокс, исто така се обучува за пилот. Всушност, тој веќе е пилот“, рече таа за време на гостувањето во „The Tonight Show with Jimmy Fallon“.

Децата на Џоли и Пит одлучуваат да се откажат од презимето на својот татко

Медокс не е првото, ниту единственото, дете на Анџелина Џоли и Бред Пит кое се откажало од презимето на својот татко. Во 2024 година, нивната најмлада ќерка, Вивиен, потпиша договор за бродвејски мјузикл како асистентка на нејзината мајка под името Вивиен Џоли. Истата година, се појави видео од Захара, која се претстави како Захара Џоли.

На својот 18-ти роденден, Шајло поднесе барање за официјална промена на името и го зеде презимето Џоли, станувајќи Шајло Џоли.

Според изворите, одлуката за промена на презимето е поврзана со затегнатиот однос меѓу децата и Бред Пит.

Според „Пипл“, Пит е повреден од овој развој на настаните.

– Тој никогаш не почувствувал поголема радост отколку кога се родила. Отсекогаш сакал ќерка. Потсетувањата за губењето контакт со неговите деца, секако, се многу тешки за Бред. Тој ги сака своите деца и му недостастасуваат. Сето тоа е многу тажно – рекол изворот.

Поврзани вести

🎬Марго Роби шокираше со својот изглед на премиера на филм

Urednik

Шаја Лабаф ослободен со кауција од 100.000 долари, судот му нареди задолжително лекување од зависности

Urednik

Добро чувана тајна на Џенифер Анистон ја откри… Бред Пит

Urednik