Иако раскинаа во 2018 година, Бен Афлек и Џенифер Гарнер се уште се во одлични односи, но најновите фотографии би можеле да ја налутат новата сопруга на Афлек. И додека едни тврдат дека Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер добро се согласуваат, а други го тврдат сосема спротивното, поради овие фотографии, првата сигурно ќе се замери со сегашната.
Имено, папараците ги фатија поранешните сопружници како делат прегратки и насмевки во автомобилот на Афлек, а интимноста на фотографиите му е јасна на секој што ќе ги погледне. Тој е потпрен на нејзиното рамо, таа се потпира на него, насмеана од уво до уво…
Exes Ben Affleck and Jennifer Garner share intimate moment inside car together pic.twitter.com/jqYlVEomaz
— Pop 𝕏 (@PopNothing9) September 17, 2023
Семејното дружење за време на кое Афлек „џентлменски“ ја возел својата поранешна сопруга до нејзиниот автомобил се случил викендов, а додека Гарнер седела со Афлек, на совозачкото седиште била нивната 14-годишна ќерка Серафина.
Тие беа насмеани откако неодамна ја прослави првата годишнина од брак со сегашната сопруга Џенифер Лопез, на која сигурно нема да и биде лесно кога ќе ги види овие фотографии.
Сепак, многумина не ни знаат дека од 2018 година, Гарнер е во врска со бизнисменот Џон Милер, кој исто така може да се чувствува малку љубоморен.