СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Амазон развива команден центар за паметни домови

Амазон развива нов уред Ехо, пренесува Блумберг. Тоа ќе биде голем екран на допир што корисниците можат да го монтираат на ѕидот во нивниот дом, а новата технологија може да послужи како паметен контролен панел за дом, уред за видео разговор и медиа плеер.

Хардверскиот оддел на компанијата го дизајнира уредот да биде дигитален команден центар, покажувајќи им на корисниците претстојни настани во календарот, пуштајќи музика и видео, а исто така ќе има контрола над системот за заклучување на вратата и контролата на светлината во домот. Уредот ќе користи и микрофони и камера за видео конференции на гласовниот асистент на Амазон – Алекса.

Производот ќе им конкурира на професионално инсталираните паметни екрани за управување на домови.

Амазон разгледува различни големини на екранот – 10 или 13 инчи. Компанијата планира да го лансира својот производ на крајот на оваа година или на крајот на 2022 година. Според запознаени со производот, неговата цена ќе биде помеѓу 200 и 250 долари.

Ова не е прв пат Амазон да покажува интерес за ѕидни уреди. Во 2018 година, компанијата објави Еко Вол Клок – аналоген часовник што прикажува тајмери, поставени со гласовниот асистент Алекса.

Бидејќи новиот уред е дизајниран да биде поставен на ѕид, тој ќе биде далеку потенок од постојниот Еко Шоу. Амазон го претстави својот прв Еко уред во 2017 година и оттогаш објави неколку варијации на големината на екранот. Минатата година компанијата воведе и верзија со дисплеј која ротира и може да го следи корисникот како шета низ собата додека врши видео повик.

Поврзани вести

Се појави ВИДЕО од Xiaomi Mi 11 Ultra – има секундарен екран и зум од 120x

Влатко Зорба

„Microsoft“ го претстави „Surface Duo“ (ВИДЕО)

msp-admin

Новиот HUAWEI Y5p доаѓа со FullView дисплеј и дизајн во бои

msp-admin