СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Chrome OS добива голем редизајн за својот 10-ти роденден

Google го прославува десеттиот роденден на својата платформа Chrome OS со големо ажурирање, овозможувајќи нови функции, подобрена компатибилност, споделување Wi-Fi со телефони со Android и некои карактеристики што ја подобруваат продуктивноста.

Phone Hub е нова кратенка на лентата со задачи и од тука е можно далечински да се овозможи пристапна точка за телефонот, да се менуваат режимите на звук, како и да се лоцира телефонот доколку е потребно. Енергијата на телефонот, нивото на батеријата и неодамнешните Chrome табови на вашиот телефон, ќе бидат видливи тука.

Wi-Fi синхронизацијата сега поддржува повеќе уреди, се додека вашиот телефон веќе има лозинка за Wi-Fi, така што нема потреба повторно да ја внесувате на вашиот уред со оперативен систем Chrome. Google објави дека Nearby Share ќе пристигне на Chrome OS во наредните месеци.

Во областа на продуктивноста, Chrome OS ја доби функцијата Screen Capture, која поддржува креирање „скриншот“ и снимање на екранот. Новите слики ќе бидат прикажани во „Tote“, ново место каде што можете да гледате датотеки, „скриншоти“, преземени и закачени датотеки.

Исто така, има подобрувања за Clipboard, Descs алатка за повеќе задачи, Family Link за родителска контрола и многу повеќе. Споделувањето работи на оперативниот систем Chrome ќе биде побрзо, а споделувањето помеѓу апликациите е можно. Опцијата „Select-to-speak“ ќе го чита текстот на глас, а Chrome OS иконите за апликации добиваат нов изглед.

Според Google, ажурирањето на оперативниот систем M89 Chrome ќе пристигне кај корисниците на глобално ниво во текот на следните неколку недели.

Поврзани вести

Твитер со нова функција: Криење на одговори на постови

msp-admin

Креирана заштитна маска преку која може да слушате музика

msp-admin

Facebook Dating влегува „во војна“ со Tinder

msp-admin