СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл“ плати казна од 25 милиони евра поради софтверот што го забавува „ајФон“

Француската агенција за заштита на потрошувачите денеска објави дека „Епл“ се согласиле да плати казна од 25 милиони евра затоа што не ги известиле корисниците на „ајФон“ дека ажурирањето на софтверот може да ги забави постарите уреди.

Скандалот избувна во декември 2017 година, кога американскиот технолошки гигант призна дека постарите модели на телефони се забавуваат по инсталирањето на најновиот софтвер за иОС, а исто така влијае и на батеријата.

Критичарите ја обвинија компанијата дека ги принудува клиентите да купуваат нови модели порано отколку што е потребно. Протестите го натераа „Епл“ да го ажурира софтверот и да понуди големи попусти за замена на батеријата.

Француските обвинители отворија истрага во јануари 2018 година, на барање на Здружението „Запрете ја програмирана застареност“.

– Сопствениците на „ајФон“ не се информирани дека инсталацијата на ажуриран иОС (10.2.1 и 11.2) може да ги забави нивните апарати, се наведува во соопштението на Агенцијата за борба против измами.

Додека основачите на Здружението, Летиција Васер и Самуел Сауваж истакнаа дека „ова е историска победа над скандалозната пракса што се заснова на принципот само фрли и купи нов, како и победа и за потрошувачите и за околината.

Тие додадоа дека размислуваат да поднесат дополнителни барање за отштета на клиенти на „ајФон“.

Поврзани вести

Snapchat повлекува филтер што е виновен за серија сообраќајни несреќи (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Зошто голем број корисници на „Android“ се повеќе го сакаат новиот модел на „iPhone“?

msp-admin

Гугл да плати 5 милијарди долари поради следење на милиони корисници

msp-admin