СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Firefox ќе добие опција за превод на страници (ВИДЕО)

Mozilla подготвува опција за автоматски превод на страниците на Firefox, која, за разлика од решението на Chrome, не се потпира на услуга за преведување, базирана во облак, туку на библиотека, која користи технологија за машинско учење, која е сместена во крајниот уред. Библиотеката за која станува збор се развива како дел од „Bergamot Project“, кој доби финансирање од ЕК од 3 милиони евра.

Според студентите што стојат зад проектот, ова ќе помогне во заштитата на личните податоци и ќе доведе до развој на јазични технологии во Европа во секторите каде е потребна приватност. За развој на технологијата, Mozilla започна да ангажира инженери кои работат со невронски машински превод, за да го интегрираат Bergamot во Firefox. По завршувањето на библиотеката, истата ќе биде достапна и под лиценца со отворен код.

Firefox веќе има кориснички интерфејс, кој доаѓа со поддршка за функционалност за превод од пред неколку години. Mozilla планираше да вклучи решение како ова во Google Chrome, но плановите пропаднаа поради високите трошоци. Опцијата може да се активира во Firefox Nightly во делот „about:config“ со вклучување на поставките „browser.translation.ui.show“ и „browser.translation.detectLanguage“.

Поврзани вести

Стотици милиони компјутери на Dell се изложени на ризик поради ранливоста на драјверите

17 малициозни апликации за iPhone се одобрени од Apple

msp-admin

Нова WordPress алатка автоматски твитува цели текстови

msp-admin