СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за Технолошки развој

Поради голем интерес и на барање на домашните компании, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година.

Вкупниот буџет, како што соопштуваат од ФИТР, за повикот изнесува шест милиони евра од кој три милиони се наменети за аплицирање по редовна постапка. Преку овој инструмент се обезбедува финансиска поддршка до 30 отсто во максимален износ од 10 милиони денари, а останатите 70 отсто се учество на компаниите.

Инструментот е наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“), меѓу другото за набавка на опрема, воведување нови производствени линии, подготовка и спроведување на активности за подобрување на енергетската ефикасност и сл.

Во периодот до истекување на рокот за аплицирање, за домашните компании ФИТР обезбедува користење на бесплатна советодавна поддршка и техничка помош.

Дополнително, со цел информирање за деталите од повикот, условите и можностите за аплицирање, активни се информативни сесии во Скопје и низ градовите во државата, организирани во соработка со стопанските комори и други организации.

Повеќе информации за повикот и начинот на аплицирање на www.fitr.mk.

Поврзани вести

Робот „лови“ купувачи кои се без маска во продавница (ВИДЕО)

msp-admin

Најсовремената алатка за планирање ја поддржува најголемата 5G здравствена мрежа

Влатко Зорба

Huawei Mate X2 нема да користи дисплеи на Samsung

Влатко Зорба