СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Гејмерите губат 912 часа сон годишно, открива истражување

Само во Велика Британија има 32 милиони гејмери. Експертите од GamingDeals.com затоа решија да откријат колку време луѓето поминуваат играјќи и кој дел од нивниот живот страда најмногу поради тоа.

Тие испитале 7.933 луѓе за нивните навики за играње и дошле до интересни сознанија.

Најчесто користената конзола меѓу гејмерите е PlayStation, која ја користат 41 процент од испитаниците. Следат Xbox со 38 проценти, PC со 17 проценти, додека 4 проценти велат дека користат алтернативни уреди.

Гејмерите играат игри во просек од пет до шест часа на ден. Тоа е отприлика 35 до 42 часа неделно, или повеќе од 1.820 часа годишно.

Националната фондација за спиење вели дека луѓето треба да спијат од 7 до 9 часа на ден, но 51 процент од гејмерите спијат само од 5 до 6 часа, што значи дека губат 912 часа сон годишно.

„Алармантно е тоа што луѓето губат толку многу сон поради игри, особено кога ќе ги имаме предвид здравствените ризици од недостаток на сон. Непроспиените ноќи можат да го зголемат лошото расположение и да го намалат фокусот. Исто така, недостатокот на сон го зголемува ризикот од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес, односно го намалува животниот век“, вели експертот за спиење Алекс Јон.

Најпопуларните игри меѓу гејмерите се Minecraft (21 процент), Rust (17 проценти), Fortnite (14 проценти), Among Us (12 проценти) и Call of Duty: WarZone (10 проценти).

Експертите, исто така, одлучија да откријат дали играњето игри влијае на менталното и физичкото здравје на гејмерите. Дури 62 проценти од испитаниците признале дека порано прескокнувале одење на училиште или на работа заради играње.

„Во просек, поминувам од 7 до 8 часа на ден играјќи онлајн. Кога бев помлад, играв неколку дена. Сега, благодарение на онлајн семинари и предавања, можам да играм во позадина“, рече 21-годишниот студент Џејмс.

Но, многу гејмери, исто така, започнаа да доживуваат физички проблеми. Многумина признаа дека страдале од несоница (73 проценти) и кошмари (76 проценти) откако играле подолго време.

Петте најчести физички проблеми меѓу гејмерите се болки во грбот (30 проценти), суви очи (26 проценти), грчеви во рацете (18 проценти), главоболки (11 проценти) и недостаток на концентрација (8 проценти).

И, конечно, на прашањето дали пандемијата на коронавируси и „локдаунот“ влијае на навиките за игри, 80 проценти од гејмерите признаваат дека минале два до три часа повеќе пред екраните отколку порано.

Поврзани вести

Фејсбук во ЕУ: Вработени 3,1 милиони луѓе и приход од 208 милијарди евра

Никола Поповски

Honor подготвува настан на 24 февруари на кој ќе претстави многу уреди

msp-admin

Нова блокчејн платформа ќе се бори против „тиранијата“ на социјалните медиуми

Влатко Зорба