СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Google ги обврзува производителите на Android телефони да вклучуваат Digital Wellbeing

Со Android 9 Pie, Google воведе функционалност „Digital Wellbeing“, која на корисниците им нуди можност да ги следат и ограничуваат нивните активности / апликации во својот паметен телефон. До сега, оваа функционалност беше по избор за производителите, што значеше дека тие не мораат да ја воведат во своите производи. Сепак, заклучно со 3 септември, годинава, Google сега бара задолжително спроведување.

За промената пријавијаа од XDA Developers, кои добиле документ од Google Mobile Services (GMS) од горенаведениот датум, во кој се наведени правилата според кои производителите мора да бидат во согласност со правилата, за да инсталираат услуги и апликации на Google. Во него се наведува дека во секој нов уред што доаѓа со Android 9 или 10, или е надграден на која било од овие верзии по 3 септември, мора да вклучува „Digital Wellbeing“ (Дигитална благосостојба) со опцијата родителска контрола.

Покрај тоа, функционалноста треба да биде видливо прикажана во главниот слој на делот за поставки, а производителите исто така можат да користат свое алтернативно решение.

Поврзани вести

5G технологија: Покренување на еволуцијата на сајбер безбедноста

Влатко Зорба

Huawei ќе го претстави Mate X2 на крајот на февруари

Влатко Зорба

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар

msp-admin