СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Гугл знае многу повеќе од вас отколку што очекувате

Секој од нас знае дека секој наш клик на интернет останува трајно забележен. Научивме и како компаниите во чие сопствеништво се програмите и апликациите кои ги користиме, го делат секој наш потег на интернет за маркетиншки цели.
Една од компаниите е и Гугл која на огласувачите им дава до знаење што пребарувате, за да можат да ви „сервираат“ огласи по ваша мерка. Но, дали некогаш ве интересирало што токму Гугл , знае за вас?

Со само неколку кликови, можете да дојдете до својата гугл сметка, и опцијата „ ad settings“ зад која се крие една листа од ваши интереси направена врз основа на вашето пребарување. Ќе ги најдете своите шопинг навики, омилени споротови, дури и информации за тоа колку имате години, дали сте во брак и имате ли деца.
Сето тоа функционира под услов на горе споменатиот линк да ви е вклучена опција за персонализирање на огласите.
Ако нешто од ова ве загрижува, имајте на ум дека сте се согласиле на ова кликнувајќи ги оние фамозни „next,next…next“ во услови на користење.
Иако Гугл најчесто знае многу за вас, некогаш се јавуваат и грешки, односно има луѓе кои велат дека им одредил погрешен пол или им додал интереси за теми кои никогаш не ги интересирале.

Поврзани вести

Facebook Pay ви овозможува бесплатно испраќање пари во Instagram, WhatsApp и Messenger

msp-admin

Chrome го направи сурфањето на Интернет многу побезбедно

Влатко Зорба

Хрватски иноватор направи машина за бесплатно греење

msp-admin