ФБИ објави годишен извештај за ефектите од компјутерскиот криминал врз жртвите во САД, во кој се наведува дека во 2020 година, агенцијата добила рекорден број случаи.
Internet Crime Complaint Center (IC3) минатата година прими над 790 илјади поплаки за хакерски напади, што е за околу 69% повеќе отколку во 2019 година. Напаѓачите земале над четири милијарди долари за тие дванаесет месеци, а најголем број жалби се однесуваа на „фишинг“, „non-payment/non-delivery“ измами и изнуда, додека половина од изгубените пари им припаднале на напаѓачите по измами по електронска пошта насочени кон помали компании.
Во текот на 2020 година, исто така, се зголеми и бројот на напади со кражба на идентитет и оние кои нудат криптовалути во замена за традиционалните. Во овие случаи, жртвите им давале на напаѓачите податоци од лични документи и откако ја стекнале нивната доверба. После тоа, податоците биле искористени за компромитирање на банкарските сметки, а украдените износи веднаш се префрлани во криптовалути, а целата трага од нив се губи, пренесува Bleeping Computer
Минатата година беше плодна и за „ransomware“, така што големите активности што им носат на напаѓачите меѓу еден и два милиони долари, привлекоа нови сајбер банди кои главно се фокусираат на компании од Северна Америка и Европа. Врз основа на анализа на повеќе од 500 напади, агенцијата Group-IB беше во можност да ја следи еволуцијата на рансомверот во текот на 2020 година. Врз основа на ова, беше заклучено дека сцената за рансомвер стана поголема и подинамична, така што сè повеќе луѓе на „dark web“ објавуваат податоци за оние кои не платиле откуп. Некои нови играчи започнаа напади засновани врз успешни модели на „ransomware-as-a-service“ – програми кои нудат „чекор-по-чекор“ инструкции и информации за сè, од наоѓање жртви до преговори за откуп.
Се предвидува дека компјутерскиот криминал ќе продолжи да напредува, а напаѓачите ќе се прилагодат на безбедносните промени. Ќе има се повеќе од оние кои ќе привлечат огромна заработка, а се посочува дека ова е веќе индустрија чија вредност се мери во милијарди долари.