Телефонот на Huawei со дисплеј на преклопување, кој беше лансиран претходно оваа година и неговата премиера беше одложена неколку пати, ќе излезе во продажба во домот на компанијата на 15-ти ноември. Се работи за Mate X, а цената на верзијата 8/512 GB ќе биде 16.999 јуани, што е околу 2.162 евра / 2.400 долари. Според претставник на Huawei, плановите за меѓународна премиера на уредот се уште се во процес на ревизија.
Компанијата исто така ќе понуди сервис за поправка на дисплеј по цена од 2.699 јуани (343 евра), што е корисно затоа што екранот на телефонот останува постојано отворен. Телефонот користи чипсет Kirin 980 и има 5G можности преку опционален модем, но следната пролет е планирана верзија Mate Xs со Kirin 990, која вклучува интегриран 5G модем.
Поради санкциите на САД против Huawei, паметниот телефон ќе биде достапен без услуги и апликации на Google, но тоа не е проблем за Кина, каде што овие додатоци веќе не се достапни. Инаку, тоа ќе биде втор паметен телефон со дисплеј на преклоп од еден голем производител, кој ќе стигне до пазарот, но на 13 ноември ќе видиме што има Motorola да понуди со Razr.