СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei можеби работи на гејминг конзола, но прво ќе објави гејмерски лаптоп

Гласините сугерираат дека Huawei планира да влезе на пазарот на гејминг хардвер. Компанијата прво ќе започне со мал гејмерски лаптоп, кој се очекува да биде објавен кон крајот на оваа година.

По лаптопот, се очекува уште поинтересна најава – гејмерска конзола што ќе им конкурира на моделите Sony PlayStation и Microsoft Xbox. Нема детали за каква платформа ќе станува збор, но се очекува таа да не се базира на ARM како Nintendo Switch.

Можно е конзолата Huawei да користи AMD APU сличен на оној на тековните модели на PlayStation и Xbox. Сепак, Huawei исто така може да испроба нешто со свој дизајн (како чипот HiSilicon Kunpeng 920, базиран на архитектурата на ARM).

Минатата година, Huawei го објави GameCenter – центар за игри. Услугата користи Huawei Media Services за Android и содржи голем број Android игри.

Интересно, ова не би била првата конзола на Huawei. Компанијата ја издаде конзолата Трон во 2014 година, со Tegra 4 чип и Android 4.2 Jelly Bean платформа.

Поврзани вести

Google ќе ги известува корисниците ако нивните лозинки се компромитирани на Android

Влатко Зорба

Смартфони со Qualcomm SoC за 55 долари ќе го преплават пазарот

Влатко Зорба

Ќе ја изгубиме контролата над вештачката интелигенција, тврдат научници

Влатко Зорба