СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Huawei: Нашата вештачка интелигенција овозможува шест пати побрзо дијагностицирање на коронавирусот

На онлајн конференцијата наречена „Борба против COVID-19 со технологија“, Huawei се пофали со технолошки решенија кои, како што посочуваат од компанијата, помогнаа значително да се спречи ширењето на коронавирусот во Кина. Успехот е постигнат преку употреба на комбинација на технологии развиени од Huawei, како што се мрежата 5G, Huawei Cloud и вештачката интелигенција. Комбинацијата на овие технологии овозможува полесно, побрзо и поефикасно дијагностицирање и комуникација со експерти низ целата земја и во светот.

За нешто повеќе од еден месец од првиот случај на коронавирус, Huawei Cloud со вештачка интелигенција е распореден во 20 болници низ Кина, а заради извонредниот успех, Huawei Cloud сега го користат повеќе од 100 болници ширум светот.

Употребата на вештачка интелигенција се покажа како клучна во брзата дијагностицирање на болести, што не само што овозможува обработка на повеќе лица, туку дополнително им олеснува на лекарите. Технологијата на вештачка интелигенција на Huawei овозможи да се дијагностицира вирусот дури шест пати побрзо од времето што му е потребно на лекарите да го користат во конвенционални методи. Поточно, на лекарот му требаат 12 минути за да дијагностицира и две минути да ги напише наодите, а со употреба на вештачка интелигенција, дијагнозата е комплетна за само 10 секунди, проследена со двоминутна потврда од докторот, односно обработка наодот, за кој на вештачка интелигенција и е потребно само 30 секунди.

Понатаму, на краток рок, со употреба на вештачка интелигенција преку повеќе од 10 милиони симулации, пронајдени се пет потенцијални лекови помеѓу 8.506 постојни лекови и 160 милиони молекуларни соединенија. Времето што ќе биде потребно за лекарите да го направат овој вид истражувања е значително подолг, а бројот на пациенти и смртни случаи би бил значително поголем.

Поврзани вести

Google предупредува: Оваа опција го нарушува менталното здравје, ќе ja промениме на нашите телефони

msp-admin

Корисниците на iOS веќе имаат пристап до илјадници фонтови од Adobe

msp-admin

ВИДЕО покажува како се променил Android во последните 20 години

msp-admin