Заедно со меѓународната премиера на смартфонот Mi 11 и телевизорот Mi TV Q1, Xiaomi го претстави и електричниот скутер Mi Electric Scooter Pro 2 Mercedes-AMG Petronas F1 Team Edition, за кој алудираше минатото лето. Оваа верзија на веќе познатиот модел вклучува карактеристични елементи за дизајн.
Меѓу нив е и брендирањето AMG во близина на задното тркало. Инспирација за креирање на оваа верзија е тимот во Формула 1, Mercedes-AMG Petronas. Скутерот достигнува максимална брзина од 25 км на час и патува до 45 км со едно полнење. Се одликува со систем на двојна сопирачка, пневматски гуми кои апсорбираат амортизација и вграден дисплеј.
Скутерот го задржува и лесниот систем на преклопување, што го прави погоден за складирање и транспорт кога не се користи.
Mi Electric Scooter Pro 2 Mercedes-AMG Petronas F1 Team Edition е достапен во некои региони со предложена малопродажна цена од 799 евра.
"The best or nothing" in performance and style. Introducing #MiElectricScooterPro2 Mercedes-AMG Petronas F1 Team Edition! pic.twitter.com/A9yDKdDlGq
— Xiaomi (@Xiaomi) February 8, 2021