Корисниците на Samsung Galaxy Note10 и Note10 + сега можат да го пробаат Android 10 со новиот One UI 2.0 интерфејс.
Според SamMobile, бета верзијата на ажурирањето е веќе достапна во Германија, а наскоро треба да биде достапна во САД и Кореја.
Сè уште не е јасно дали програмата ќе биде достапна во С. Македонија.
Веб-страницата наведува дека софтверот е практично идентичен со втората бета верзија за сериите Galaxy S10, која исто така беше објавена денес и содржи ноемвриски безбедносни поправки плус нови дополнувања на One UI 2.0.
Корисниците можат да се регистрираат за програмата за тестирање преку апликацијата Samsung Members, а потоа да добијат ажурирање со големина од околу 1,8 GB.
Добра идеја е да направите резервни копии на информациите за уредот преку Samsung Smart Switch Samsung, бидејќи ако одлучите да се вратите на Android Pie, ќе треба да ги избришете сите информации од уредот.