20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

LG Rollable ќе се продава за 2.110 евра на крајот на 2021 година

Флексибилните паметни телефони се една од најголемите иновации во индустријата во последниве години. Технологијата сепак е прескапа за масовниот потрошувач, но прашање на време е кога ќе видиме на пазарот повеќе модели со овој дизајн. LG е популарна марка која долго време доживува проблеми со конкуренцијата на глобалниот пазар на паметни телефони.

Последните неколку месеци беа доста плодни за корејскиот гигант, откако тие го претставија новиот дизајнерски јазик LG Velvet. Заедно со ова, го видовме и единствениот концепт на LG Wing, кој има два дисплеја. Корејскиот производител го сврте вниманието кон друг атрактивен концепт, а тоа се „rollable“ дисплеите.

Првите телевизори со овој дизајн веќе се факт, но технологијата постепено ќе најде место во нивните идни паметни телефони. LG Rollable е името на првиот смартфон со овој дизајн, чие постоење го потврди компанијата за време на CES 2021 година. Реалната продажба се очекува да започне во последниот квартал од годинава, информира GizChina.

Техничките спецификации не се познати, бидејќи има многу време до официјалното претставување на LG Rollable. Веќе знаеме колкава ќе биде цената на уредот. Импресивната технологија што овозможува таква визија ќе го позиционира моделот во премиум сегментот.

Според достапните информации, првиот паметен телефон со дисплеј на „собирање“ во светот ќе се продава на пазарот за 2.110 евра. Ова е цена која е слична на флексибилните уреди на пазарот. Ќе биде потребно време да се оптимизира технологијата за да може да се направи подостапна за пошироката јавност.

Сепак, доста е интересно да се види премиерата на уредот чиј екран може да се отвара во едно движење и да се повлече во неговото тело.

Поврзани вести

Отстранета апликација за тајни забави во време на КОВИД-19 од App Store

Влатко Зорба

Список на модели на Sony кои ќе се ажурираат до Android 10

msp-admin

Колку „малтретирање“ може да истрпи Xiaomi Mi 11? (ВИДЕО)

Влатко Зорба