СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Најмалку 10 хакерски групи ги знаеле недостатоците на Microsoft

Најмалку 10 различни хакерски групи ги искористија неодамна откриените недостатоци на мејл клиентот на Microsoft, за да напаѓаат низ целиот свет, објави денеска компанијата за интернет-безбедност ESET.

Веќе постојат индиции дека едната група е специјализирана за кражба на компјутерски ресурси за експлоатација на криптовалути, пренесе Ројтерс.

ESET, исто така, именуваше уште девет други групи насочени кон шпионажа, за кои тврди дека користеле недостатоци за да влезат во целни мрежи, што некои други истражувачи ги поврзале со Кина.

Microsoft ја обвини Кина за хакерство, додека кинеската влада негира каква било улога.

Интересно, неколку групи како да знаеја за проблемите пред Microsoft да ги објави на 2 март.

Бен Рид, директор на компанијата за сајбер безбедност FireEye, рече дека не може да потврди детали од пораката на ESET, но дека неговата компанија забележала и „повеќе групи“ кои ги користат недостатоците на Microsoft во различни бранови, за кои веруваат дека доаѓаат од Кина.

ESET додава дека е „многу невообичаено“ што толку многу различни групи за сајбер шпионажа имаат пристап до истите информации пред да бидат објавени во јавноста.

Се шпекулира дали информацијата „некако протекла“ пред објавата на Microsoft или е откриена од трета страна која обезбедува информации за ранливоста на сајбер шпионите.

Поврзани вести

Успехот на iPhone 12 може да зависи од развојот на 5G мрежите

msp-admin

Испораките на Huawei Mate X може да започнат овој месец

msp-admin

Амазон ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица

msp-admin