СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите МекБук модели во масовно производство од втората половина на годината

„Никеи Азија“ предупредува на нови информации, кои се однесуваат на плановите на „Епл“. Откако од овој медиум дојде информацијата дека компанијата од Купертино планира да го намали производствениот капацитет на линијата ајФон 12 (а тоа првенствено се однесува на ајФон 12 мини), сега се сугерира дека Епл ќе го одложи производството на своите нови лаптопи.

Минатиот месец, аналитичарот Минг-Чи Куо предвиде дека новите МекБук ќе бидат објавени во втората половина на годината, а тоа сега го потврдува и „Никеи“. Претходно, се очекуваше масовното производство на лаптопи да започне во мај или јуни.

Во извештајот не се споменува конкретно дека се работи за модели на МекБук Про, но се верува дека овие уреди се вклучени. Куо претходно спомена дека новите модели на МекБук Про ќе имаат значителни промени во дизајнот и спецификацијата.

Двата модели што се очекуваат се новиот 14-инчен МекБук Про и освежениот 16-инчен модел. Новите лаптопи би можеле да ги отфрлат процесорите на Интел во корист на чиповите Епл M1.

Поврзани вести

Google обучува вештачка интелигенција да препознава мириси

msp-admin

10 години од премиерата на iPad

msp-admin

LG патентирале флексибилен смартфон со познат дизајн

msp-admin