СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

NVIDIA ќе ја оптимизира технологијата Ray-Tracing за класични компјутерски игри

NVIDIA напорно работи на проширување на каталогот на игри што ја поддржуваат технологијата Ray-Tracing. Компанијата исто така размислува да ја оптимизира оваа иновација за некои од најлегендарните наслови од минатото. Така, NVIDIA сака да додаде реални технолошки ефекти на игри од рангот на Minecraft и Quake II. Овој проект е веќе развиен од специјалисти на одделот Lightspeed Studios на компанијата и сигурно ќе им се допадне на гејмерите.

Ве потсетуваме дека NVIDIA веќе емулира класични наслови за конзолата NVIDIA Shield. Меѓу најинтересните беа Half-Life 2, Doom 3 и Portal. Нема да биде изненадување ако некои од овие игри се оптимизираат за технологија Ray-Tracing и станат дел од „RTX“ брендингот. Компанијата веќе формираше посветен тим за забрзување на реализацијата на овој импресивен концепт. Главната предност на Ray-Tracing е тоа што ќе ја направи играта многу пореална.

Некои аналитичари дури ја идентификуваа Ray-Tracing како едно од најголемите достигнувања во сферата на графичката технологија, пренесува TechRadar. Оваа иновација користи специјални алгоритми кои покажуваат исклучително реални светлосни ефекти, рефлексии, сенки, овозможувајќи ви буквално да се потопите во играта. Технологијата исто така бара сериозен хардвер, како што се видео картички од RTX платформата на NVIDIA или конкурентни понуди на AMD кои поддржуваат DirectX 12.

Поврзани вести

Шведска ја доби својата прва јавна 5G мрежа: Граѓаните на Стокхолм „сурфаат“ на четирипати побрза мрежа отколку сегашната 4G

msp-admin

„Спот“ станува сѐ попаметен (ВИДЕО)

Влатко Зорба

ВИДЕО| Microsoft повторно го „најавува“ Windows 11

Влатко Зорба