СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Nvidia вклучила програма во новата графичка картичка за да ги одврати Етереум „рударите“

Nvidia во својата нова графичка картичка RTX 3060 вклучила програма, што ќе може да открие „рударство“ на криптовалутата на Етереум.

Американската технолошка компанија сакала да ја направи оваа графичка картичка непожелна за рударите, но сега е потврдено дека тие „случајно“ го отклучиле тоа ограничување.

„Управувачката програма за девелопери ненамерно вклучи код што го отстранува „hash rate“ ограничувачот на RTX 3060“, изјави за „The Verge“ портпарол на Nvidia, додавајќи дека проблемот сега е решен. И покрај ова, верзијата 470.05 бета на управувачот што ги отстранува ограничувањата за рударите лесно може да се најде на Интернет, така што ограничувањата на Nvidia паѓаат во вода.

Nvidia беше скоро сигурна дека нивните ограничувања не можат да се надминат, па затоа менаџерот за комуникации на компанијата Брајан Дел Рицо рече дека тие не зависат само од управувачкиот програм.

Поврзани вести

Новиот HUAWEI Y5p доаѓа со FullView дисплеј и дизајн во бои

msp-admin

iPhone 13 mini може да има различен систем со двојна камера

Влатко Зорба

Google блокира 18 милиони мејлови на ден со лажни вести за коронавирус

msp-admin