СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung Galaxy S10 веќе може да снима Hyperlapse видео со предната камера

Серијата паметни телефони Samsung Galaxy S10 сега имаат можност да снимаат Hyperlapse клипови со предната камера, овозможено со најновото ажурирање, со кое уредите сега добиваат дел од досегашните функционалности за Galaxy Note10.

Се разбира, овој режим не е нов и е достапен во голем број модели, со можност да се промени брзината на репродукција на снименото видео или да се остави системот да избере соодветна поставка.

Samsung веќе го дистрибуира ажурирањето во Европа, што значи дека наскоро треба да биде достапно во земјава.

Поврзани вести

Најсовремената алатка за планирање ја поддржува најголемата 5G здравствена мрежа

Влатко Зорба

Google планира построга заштита од следење во Android

Влатко Зорба

Амазон развива команден центар за паметни домови

Влатко Зорба