Samsung ја објави својата линија на деловни и потрошувачки монитори со висока резолуција оваа година, и сите 12 нови модели поддржуваат HDR.
Премиум линијата S8 има два 27-инчни (S80A и S80UA) и еден 32-инчен модел (S80A). Мониторите нудат 10-битни IPS панели, со резолуција од 3840 x 2160 (4K Ultra HD). Иако Samsung ги нарекува овие дисплеи компатибилни со HDR10, тие сепак не ги исполнуваат минималните VESA сертифицирани DisplayHDR спецификации од 400 нити за осветлување, бидејќи тие нудат само 300.
S8 мониторите имаат рамни панели, со тенка рамка и поддржуваат пренос на податоци од 10Gbps преку USB-C, а исто така имаат и USB хаб. 27-инчниот модел S80UA поддржува полнење од 90W, што може да се користи за лаптопи или телефони. Другите карактеристики на S8 линијата за монитори вклучуваат 5ms одговор, како и DisplayPort 1.2 и HDMI 2.0 порти.
Серијата S7 се состои од два модели: 27-инчен S70A и 32-инчен S70A. Двата монитори имаат рамни 4K дисплеи со HDR10, поддршка за 1,07 милијарди (10-битни) бои, дизајн со тенки рамки и прилагодување на навалувањето.
Линијата S6 се состои од седум модели, од 24 до 34 инчи. S60UA и S60A доаѓаат со големини од 24, 27 и 32 инчи и 2560 x 1440 QHD резолуција. S65UA е 34-инчниот модел е со заоблен екран и резолуција UWQHD (3440 x 1440). Сите модели на S6 имаат HDR10, поддршка за 1,07 милијарди (10-битни) бои и VA панели со 300 нити осветлување.
Samsung сè уште не објави информации за цената и достапноста на новите монитори.