Samsung планира два нови лаптопи Galaxy Book Pro, моделите Galaxy Book Pro и Galaxy Book Pro 360.
Според SamMobile, лаптопите користат Windows софтвер, имаат процесори Core i5 или Core i7 и опции за приказ од 13,3 и 15,6 инчи. Некои, или можеби сите, екрани ќе бидат од типот OLED и ќе поддржуваат влез на S Pen.
Galaxy Book Pro ќе биде достапен во варијанти Wi-Fi и LTE, додека Galaxy Book Pro 360 покрај наведените верзии ќе има и модел со 5G поддршка.
Нема информации за достапноста или цената на престојните лаптопи, но Samsung се очекува наскоро да ги претстави.