Многумина сè повеќе се свртуваат кон комуникациските услуги кои ја чуваат приватноста и анонимноста на нивните корисници, па затоа не е изненадувачки што понудата на вакви апликации и услуги расте. Една од таквите услуги е Session, која стана доста популарна меѓу оние кои се држат до својата приватност и анонимност.
Имено, за да го користите не е потребно никаде да внесувате телефонски број или адреса за е-пошта, туку ќе добиете Session ID, благодарение на што е можно да останете анонимни, бидејќи овој ID ќе се користи за контакт со други корисници. Она што на многумина ќе им биде уште поважно е фактот дека метаподатоците не се собираат или зачувуваат, а истото важи и за IP адреса.
Серверската мрежа што ја користи Session е целосно децентрализирана и треба да се забележи дека ова е всушност решение со отворен извор, што е само уште една дополнителна предност. Покрај тоа, поддржани се групни разговори со најмногу 20 учесници, а атачментите, разменети во пораки, исто така ќе бидат шифрирани.
Во секој случај, тоа е бесплатна комуникациска услуга која навистина ја чува приватноста и анонимноста, па затоа се наметнува како идеално решение за сите оние кои сакаат да водат разговори без страв дека ќе бидат следени или собрани и споделувани лични податоци.