20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Signal во новото ажурирање носи поефикасно управување со податоците

Најновата верзија на Signal за iOS (5.3.1) и Android (5.3.7) донесе голем број функции, како позадини во разговорите, анимирани налепници и дел „About“ на вашиот профил.

Апликацијата iOS, исто така, поефикасно ги обработува податоците приближувајќи ги до верзијата на Android на Signal.

Овие карактеристики за прв пат беа објавени на 11 јануари, а Android Police минатата недела извести за нив во бета верзија на Signal за Android. Како позадина за разговори, можете да изберете претходно поставени или ваши сопствени фотографии, исто како на WhatsApp, а исто така постои и опција да изберете позадини за индивидуални разговори.

Верзијата iOS на апликацијата управува поефикасно со податоците на Интернет, така што корисниците ќе можат да вклучат поставка за намалување на потрошувачката на податоци за време на повик, што, меѓу другото, ќе овозможи автоматско паузирање на преземањата на атачменти и подобрена компресија на сликата.

Поврзани вести

Huawei P40 Pro – 5 камери, батерија од графен и 120Hz дисплеј

msp-admin

Маск ќе создава живот на Марс со лансирање на 10 000 ракети (фото)

msp-admin

Претворете ги вашите фотографии во холограми со завидна леснотија (ВИДЕО)

Влатко Зорба